ОПШТИ УСЛОВИ

Компанијата Самсари-Трејд ДОО Битола обезбедува интернет услуги преку својата веб страница на доменот www.samsari.mk преку четири едноставни чекори:
  • Избор на ваши потребни производи
  • Плаќање директно на нашата страна или со налог преку банка
  • Испраќање на производот на ваша адреса
  • Достава на производот од соодветна компанија за достава и негово превземање.
Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб-страницата на Самсари-Трејд ДОО Битола и ја разгледува понудата на производи на samsari.mk.
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб-страницата на Самсари-Трејд ДОО Битола, нарачува и купува производи од понудата на samsari.mk.
Купувачот кој купува производи од понудата на Самсари, може да се регистрира /најави на веб-страницата samsari.mk или на истата да се регистрира како “Гостин“, но за комплетирање на онлајн нарачката, потребно е да ги остави бараните податоци.
За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Самсари-Трејд ДОО се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштита на личните податоци и заштитата на потрошувачите.
Грижа на корисници
Работното време на Службата за грижа на корисници во компанијата
Самсари-Трејд ДОО е од 9:00 до 15:00 часот секој работен ден (освен сабота, недела, државни и верски празници).
Достава до ваша адреса
Испорака на производите за Битола се врши во рок од 24-48 часа во работни денови, а за низ Македонија за 3 до 5 работни дена.